Жерновски надежен: Ќе се борам Груевски да отслужи казна во македонските затвори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По 7,5 години од бруталните инциденти и по 3,5 години поминати во судски процеси, денеска правдата ја победи неправдата, напиша на фејсбук статус поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, кој беше на чело на општината, кога се случи делото „Шамари во Центар“.

– Има работи во нашите животи за кои сакаме и за кои не сакаме да зборуваме. Секој од нас, кои тие два дена од јуни 2013-та година ги доживеа насилните протести, дводневната опсада, заканите по живот, демолирањето на општинските бараки и искршените прозорци, носи трауми и последици во себе за кои не сакаме да зборуваме. Некои од нив, сфатив подоцна, ќе останат засекогаш како трајни последици. Режимите, најчесто, тоа и го прават, зарем не?, пишува Жерновски.

Tој додава дека единствена причина за протестите била стравот дека ќе се стопира изградбата на објекти од проектот „Скопје 2014”, кои, како што пишува, биле од интерес на екс премиерот Никола Груевски. Поништувањето на Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“ претставуваше директна закана за опстојувањето на бизнис интересите на партискиот врв и нивните блиски бизнис партнери, додава поранешниот градоначалник на Општината.

Тој потсетува дека за делото покренато од СЈО, веќе имало две признанија на вина.

– Во мојот живот, никогаш не сум посакувал нечиј татко или нечија мајка да оди во затвор, најмалку поради мене. Никогаш не сум барал среќа во туѓа несреќа. Така е и денеска, кога ја слушнав пресудата. Меѓутоа, Никола Груевски, како поттикнувач на насилствата пред Општина Центар, заслужи да биде казнет. Верувам и ќе се борам за тоа казната да ја отслужи во македонските затвори. Останатите инволвирани во насилствата, нека извлечат поука. За себе и за другите, заклучи Жерновски на фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This