ЖЕСТОКИ БОРБИ ВО СИРИЈА: Стотици милитанти ги нападнаа сириските сили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стотици милитанти се обиделе да ги пробијат линиите на сириската армија губејќи десетици животи во процесот и предизвикувајќи голем број жртви меѓу владините трупи, кои на крајот морале да се повлечат, пренесува РТ.

Повеќе од 600 милитанти извеле шест напади врз сириските сили, соопшти рускиот Центар за помирување во Сирија.

Во пресрет на офанзивата владините трупи ги напуштија своите позиции во југоисточниот дел на зоната за ескалација на Идлиб, се вели во извештајот.

Пораката не открива детали за борбите, но бројот на жртви укажува на тоа дека тие биле жестоки и зеле многу жртви на обете страни. Најмалу 40 сириски војници загинаа, а околу 80 се повредени додека ги одвраќале нападите. Се смета дека милитантите изгубиле над 50 лица, а имаат и повеќе од 90 повредени.

Идлиб е последната провинција која сè уште е под контрола на милитантите поврзани со Ал каеда и другите исламистички групи.

Позиционирана покрај границата со Турција, во провинцијата имаше низа прекини на огнот посредувани од Москва и Анкара во изминатата една и пол година. Најновиот договор предвидуваше безбеден коридор што им овозможува на цивилите да ја напуштат проблематичната област.

Во меѓувреме сириската армија продолжува со својата офанзива против милитантни упоришта обидувајќи се да го стави под контрола стратешкиот автопат М5, што го поврзува Дамаск со поранешниот финансиски центар Алепо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This