Животот полека се враќа во Италија: Мирисот на скара повторно во воздухот, се отвораат некои продавници – Постепено попуштање на мерките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од денес во Италија освен прехранбените продавници и аптеки, работа ќе им биде дозволена и на книжарници и продавници за детска облека.

Во Италија рестриктивните мерки со кои е ограничено движење на луѓето се продолжени до 3-ти мај, меѓутоа првиот чекор по римокатоличкиот Велигденски понеделник, 13-ти април, се однесува на постепени обновувања на работните активности, а таа одлука наишла на спротивставени ставови на лидерите на некои региони.

Лидерите на Ломбардија и Пијемонт, кои се меѓу најтешко погодените региони, се меѓу оние кои се спротивставиле на одлуката на италијанската влада и во тие региони книжарниците и детските продавници и натаму ќе бидат затворени.

Според новиот правилник кој денес стапува на сила во Венето, граѓаните се обврзани да носат маски и заштитни ракавици, или со себе да имаат гел за дезинфекција. Дозволено е спортување во непосредна близина на домот, а во Венето ќе биде дозволено и одбележувањето на Денот на денот на ослободувањето на Италија, 25-ти април и Меѓународниот празник на работата, 1-ви мај – со традиционална скара, но исклучиво на приватен имот и со членови на семејството, не и пријателите.

Лигурија најавила постепени отворања кои се однесуваат, покрај другото, на градинарство, бродоградба и помали градежни работи, со акцент на тоа дека “првите мали чекори” бараат голема одговорност и внимание.

Во регионот Лацио книжарниците ќе отворат од 20-ти април, за да се обезбедат сите мерки за безбедност.

Повеќе од 60 милиони граѓани на Италија веќе од еден месец се под мерки на општ карантин, кои се продолжени до 3-ти мај, а се очекува дека граѓаните ќе имаат поголема слобода за движење од 4-ти мај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This