April 28, 2024, 12:30 am

ЖИВОТОТ ПУШТЕН НА НАЈЈАКО: Македонците трошат повеќе пари на алkoхол, пpocтитуција и нapkoтици отколку на книги и леkoви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските граѓани трошат многу повеќе пари на алkoхол, пpocтитуција и нapkoтици отколку на лекови и книги, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во периодот од 2014 до 2016 година годишните трошоци за пpocтитуција кај домаќинствата во земјава се зголемиле од 53 на 69 милиони евра, за нapkотици од 32 на 39 милиони евра, а за алkoхол од 126 на 142 милиони евра.

Трошоците за лекови и помагала (протези, инвалидски колички) во 2014 година изнесувале 36 милиони евра, а две години подоцна биле 41 милион евра.

Забележително е дека единствено за книги, списанија и весници во овој тригодишен период трошоците останале зацементирани на 11 милиони евра.

Ваквите податоци само покажуваат дека пpocтитуцијата и продажбата на нapkoтици генерираат профити од милиони евра за одредени криминални структури во земјава, а државата од тоа не гледа ниту денар бидејќи станува збор за нелегални бизниси кои не подлежат на даноци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This