Жидас Даскаловски: Во која ситуација лаже премиерот, ќе проценат сами граѓаните и јавноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Говорот на премиерот Зоран Заев е непотребен и штетен на неколку нивоа. Во принцип кога ја разбранувате јавноста со едно интервју на БГНЕС и кажувате дека ние сме фактички дел од бугарскиот народ, а денеска зборувате за Македонци, македонски народ, очигледно е дека во една од овие две ситуации лажете. Во која ситуација лаже премиерот, сами ќе си проценат граѓаните и јавноста“, истакна во средата аналитичарот Жидас Даскаловски при своето гостување во „24 анализа“.

Даскаловски додаде дека по говорот и изминатите изјави на Заев е јасно дека нема конзистетна политика по ова прашање со Бугарија. Според него, очигледно е дека владее хаос и нема координираност меѓу премиерот и неговите министри за европски прашања Никола Димитров и министерот за надвотрешни работи Бујар Османи.

„Штетно е интервјуто бидејќи со ништо не придонесува да се мрднеме од точката во која што се наоѓаме сега. Штетно е и ова интетвју и изјави кои што ги слушнавме вчера дека ние сега, Македонија ќе биде во ситуација да ги чека изборите во Бугарија. А, изборите во Бугарија се во март месец. Што ќе чекаме до март? Да победи Борисов, или да изгуби Борисов? Многу нејасни работи кажуваат, не се фокусираат на работите како што треба. Кажуваат дека ова е прашање кое што ЕУ не смеела да го дозволи, дека во принцип не смеела да дозволи билатерален однос да влијае на проширувањето, дека не смеела да дозволи самоопределувањето да биде нарушено, не смеела ова, не смеела она, а всушност сето тоа тие го направија со Преспа“, нагласи Даскаловски.

Посочи дека тажно, а и истовремено е смешно да слушаме од оваа влада дека се навредени, погодени од реакциите на Бугарија, кога истото тоа го правеше и Грција. А, владата тогаш реши да го смени името.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This