„Журнал“: 3aeв и Гаши веќе комбинираат со министерските pecори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Лидерот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши веќе ги започнаа комбинаториките со министерските ресори. Заев им нуди едно министерство и еден заменик – министер, а Алтернатива бара два министерски ресора. Заев има намера да расчисти со крилото на Шеќеринска и затоа би ги понудил образование и труд и социјална политика, каде што раководат Царовска и Шахпаска, кои му припаѓаат на крилото на Шеќеринска, за да ги расчисти сметките со неа. Но, Алтернатива инсистира на министерствата за земјоделство и за култура.“ – ја пренесува информативната агенција на албански јазик ИНА статијата на ‘Журнал“.

ИНА пренесува: „Лидерот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши не седнале се уште официјално, за да разговараат за второто вклучување на оваа партија во Владата, а комбинаториките со ресорите веќе започнаа. Официјално од двете партии велат дека првично ќе се договорат околу принципите на владеењето и за стратегиските ориентации на Владата. Од Алтернатива соопштуваат дека Гаши го известил Заев во телефонскиот разговор дека пред да седне на маса со него ќе се сретне со Зијадин Села и Христијан Мицкоски, за да ги информира во врска со поканата на премиерот Заев да и се придружат на Владата.“

„Но, ‘Журнал’ дознава од свои извори дека наспроти големата волја да биде вклучена Алтернатива во Владата, во овој момент СДСМ и Алтернатива се на различни фреквенции кога станува збор за министерските ресори. СДСМ ќе ги почне преговорите со понуда за едно министерство и еден заменик – министер, или силен директор, но од Алтернатива уште на старт бараат две министерства. Од партијата на Африм Гаши велат дека нема да попуштат во врска со ова барање, бидејќи нивната политичка тежина во овој момент и во овие околности е многу поголема отколку пред две години.“

„Од СДСМ велат дека ‘ако бидне работата’ да и дадат на Алтернатива две министерства, тогаш ќе им ги понудат образование и социјална политика. Ова соодветствува со пишувањата на некои медиуми дека Заев има намера да га ‘расчисти сметките’ со крилото на крилото на Радмила Шеќеринска, на кое што му припаѓаат и министерката за образование Мила Царовска и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Нудејќи и ги на Алтернатива овие две министерства, Заев ќе има алиби повеќе да ги оддалечи од Владата Царовска и Шахпаска на ‘културен начин“.

„Но, барањата на Алтернатива се различни од понудата на СДСМ. Извори на ‘Журнал’ велат дека Алтернатива инсистира да го земе Министерството за земјоделство, каде што местото на министер е испразнето со оставката на Аријанит Хоџа од Движењето Беса, како и да си го врати Министерството за култура, со кое раководеше партијата на Гаши и во минатата Влада.“ – се наведува на крајот на оваа информација, пренесена од ИНА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This