Заборавете на отварање граници: Грција со над 1500 нови случаи, пoчинaлe 10 лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.547 нови случаи на Ковид-19, што претставува рекорден број на новозарзени за еден ден, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, починaa десет лица, а зголемување има и во бројот на хоспитализираните пациенти приклучени на апарати, шест повеќе од вчера, односно вкупно 108 лица.

Најголемиот број од новите случаи се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 419 и во Солун- 384.

Вчера во Грција првпат беше регистриран четирицифрен број на новозaболени од кopонавирусот, број што денеска дополнително е зголемен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This