ЗАБРАНА И ПРИТВОР ЗА ПРОФЕСОРИТЕ: Јавното обвинителство бара забрана за работа и притвор на професорите од случајот „Еразмус“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинителството бара скопскиот Кривичен суд да им изрече мерки на претпазливост забрана за преземање определени работни активности на шетемина обвинети во случајот познат како „Еразмус“.

Обвинителството предлогот го доставило до Кривичниот суд, а целта како што објаснуваат е да се превенираат состојби што можат да го попречат нормалното водење на кривичната постапка и за кои сметаат дека во овој момент од постапката се оправдани.

Јавниот обвинител оценил дека покрај веќе изречените мерки на претпазливост има потреба од изрекување на мерката на претпазливост од чл.146 ст.1 т.7- забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, со времетраење до правосилно окончување на кривичната постапка, велат од Обвинителството.

И покрај истражната постапка, како што се наведува во денешното соопштение, забележано е дека обвинетите продолжуваат да ги извршуваат своите работни активности во рамките на Економскиот факултет во Скопје и притоа се во секојдневен контакт со студенти, а со тоа и со оштетените и жртвите во кривичната постапка што се води.

-Со оглед на тоа што кривичните дела за кои се води постапка се поврзани како со извршувањето на нивните работни активности, така и со студентите и со меѓусебната комуникација на факултетот, јавниот обвинител цени дека со судска одлука на обвинетите треба да им се забрани да ги извршуваат работните активности до правосилното завршување на постапката.

За предметот „Еразмус” , Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од јуни оваа година спроведе истражна постапка против шест лица, поради основано сомнение дека двајца од обвинетите сториле кривично дело – примање поткуп, едно лице кривично дело – примање поткуп и кривично дело – примање награда за противзаконито влијание, две лица дека сториле кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување и едно лице за кривично дело – давање поткуп.

 

marjan_nikolovskiМарјан Николовски
Сител ТВ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This