Забpaнето и името и државните симболи на чествувањето на Илиден?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо Македониумот, споменикот кој ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава, Владата годинава со помалку чуден симбол го одбележува Илинден. На него ниту е споменато името на државата, ниту пак Крушевската република, само пишува „Победа за сите- Илинден“.

Токму симболот предизвика бура реакции во јавноста. Жанета Трајкоска од Институтот за комуникациски студии се прашува на кого му текнало да прави нов знак за Илинден, кој според неа личи на 3 оџаци или 3 лего коцки во боички.

–Не дечки, кога имате ваков силен симбол за најважниот датум за македонската држава не си играте дизајнери по дома со боички и коцки. И секако може да го користите името Илинден, не морате Македониум. Среќен празник Илинденци. За жал секој ден покажуваме дека не си ја сакаме државата. Од фрлање ѓубре на улица до погубни политики, пишува Трајкоска.

На ден Илинден, кога се слават херојствата на македонските револуционери, Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев, Никола Карев, Ченто и многу други, во својот говор по повод овој празник, техничкиот премиер Спасовски со име не спомена ниту еден македонски револуционер. Но одлучи да се пофали дека во духот на илинденците бил потпишан договорот за добрососедство со Бугарија. Договор со кој бугарската страна бара Македонија да го признае Делчев како Бугарин.

-Во духот на нашите илинденци подадовме рака за соработка со сите наши соседи и ја стекнавме нивната доверба. Преку овој отворен пристап се реализира договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија, изјави Спасовски.

Инаку, ова е втора година по ред како Владата во симболот за Илинден, не го споменува името на државата, ланската парола гласеше „Сите сме деца на Илинден“. Тогашниот премиер Зоран Заев порача дека илинденците се бореле за според неговите иднина на граѓанска и демократска Северна Македонија.

-Вистински патриотизам е да се продолжи традицијата на Делчев, Груев, Сандански, Рацин, Ченто. Тие не научија дека иднината е вистинскиот избор за секој патриот – иднина во граѓанска и демократска Северна Македонија, рамноправно претставувана од сите кои живеат во неа, изјави лани Заев.

Името на државата не беше споменато ниту на ланската прослава на денот на независноста на Македонија, осми септември, тогаш паролата гласеше „Боите на независноста“

Инаку, оваа година лидерот на СДСМ, Заев не се појави никаде официјално да го одбележи Илинден, честитка испрати преку својот Фејсбук профил. Но, за разлика од лани кога беа споменати македонските револуционери, годинава со име не е споменат ниту еден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This