„ЗАВРШИЈА РАБОТА“ ПА УДРИЈА НА „ШЕТЊА“: Деспотовски ги најде иновациите во прв ред на стадионот ЈНА 

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски вечерва забележан во први редови на стадионот на ЈНА во Белград како бара „иновации“. Деспотовоски уживаше во спектаклот и го следеше натпреварот помеѓу Партизан и Манчестер Јунајтед кој белградскиот тим го загуби со 1:0. За кого навиваше тој останува непознато.

Она што е познато е дека Јован Деспотовски е кадар на СДСМ кој е долгогодишен член на раководството на партијата и важи за еден од најблиските соработници на Радмила Шеќеринска со која работеше во Секретаријатот за европски прашања. Она по што тој ќе остане запаметен во јавноста по скандалот со „криминалните иновации“, афера во која тој како директор на Фондот додели стотици илјадници евра на луѓе блиски до СДСМ, Заев и државни функционери. Пари од фондот доби советничката на Заев, Цветанка Ласкова, пратеникот на СДСМ Хари Локвенец и десетици други „заслужни соборци“ на Деспотовски.

По „одлично“ завршената работа, директорот на ФИТР на „заслужен“ одмор во Белград.

Да не заборавиме дека 2014 година ВМРО-ДПМНЕ излезе со обвинувања за наводно доделување на европски пари на фирми на роднини на Шекеринска, но СДСМ ги негираше ваквите тврдења како неосновани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This