Заврши гласањето на болни, изнемоштени и лица со коронавирус во дел од општините

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во општина Кичево, М.Каменица,м Пехчево заврши гласањето на болни и изнемоштени лица кои побараа своето избирачко право да го остварат во домашни услови.
Теанула Станкоска од ОИК за општина Кичево соопшти дека во двата изборни круга имале 464 лица чии барања беа прифатени да гласаат во домашни услови, од кои 438 во текот на денот го искористија своето право на глас. Пријавени биле и 15 болни од КОВИД-19 и во изолација.
– Во пладневните часови на терен излезе екипата од здравствени работници составена од еден лекар и две медицински сестри, кои ги посетија болните од КОВИД-19 и во изолација, што се пријавиле да гласаат во домашни услови. Од 15 прифатени барања, гласале 12 лица, додека три лица биле хоспитализирани во болнички услови, истакна Станкоска.
Сите пријавени за гласање со коронавирус се од Кичево, додека меѓу болните и изнемоштени лица пријавени за домашно гласање, покрај од градот голем дел се и од кичевските села.
Во општина Кичево ќе гласаат вкупно 50 702 избирачи на 114 избирачки места

Во М.Каменица и Пехчево гласаа 141 болни и изнемоштени и лица со Ковид-19
Македонска Каменица, 30 октомври 2021 (МИА) – Во општините Македонска Каменица и Пехчево каде утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори, од вкупно пријавените 200 лица кои гласаа во домашни услови, на ден пред изборите своето право на глас го искористија 141 болни, изнемоштени и лица позитивни на Ковид-19.
Како што информираше претседателката на Општинската изборна комисија Бота Димитрова – Ангелова, гласањето во М.Каменица се одвивало без никакави проблеми.
-На територијата на општина Македонска Каменица 27 болни и изнемоштени лица го остварија своето право на глас, како и 11 лица позитивни на Ковид-19 од исто толку пријавени, рече Димитрова Ангелова.
Во Пехчево каде бројката на пријавени за гласање во домашни услови изнесуваше 106 болни и изнемоштени и лица со Ковид-19, денеска гласале 103 лица.
-Своето право на глас не го остварија само три лица од регистрираните 106 болни и изнемоштени граѓани, додека сите тројца граѓани со Ковид-19 денеска гласаа, истакна претседателката на Општинската изборна комисија Мануела Станоевска.
Во двете општини утре можност да гласаат ќе имаат 10.801 лице со право на глас, а ќе се гласа на вкупно 26 избирачки места од кои 17 во М.Каменица и 9 во Пехчево.

Гласаа 68 болни и немоќни, како и десет позитивни на Ковид во Росоман
Росоман, 30 октомври 2021 (МИА) – Од 70 пријавени, денеска во Росоман гласаа 68 болни и немоќни лица. Ѓорѓи Крстевски, претседател на Општинска изборна комисија, попладнево информираше дека гласале и десет лица позитивни на коронавирус.
Во вториот круг од локалните избори, росоманци избираат меѓу двајца кандидати за градоначалник. Се гласа на десет избирачки места, право на глас имаат 3.341 лиц

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This