ЗАВРШИ МЕДЕНИОТ МЕСЕЦ: Грција ycловува и се зakанува, Албанија ќе „помогне“ да не добиеме датум?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија не може да биде раздвоена од Албанија за почеток на преговори со ЕУ, мора да се откаже од иpeдeнтистичките елементи, мора да го пичитува правото, но и до точка да го исполни Преспанскиот договоор. Во спротивно, нема европска перспектива! Ова е сублиматот од рафалните пораки кои за само два дена пристигнаа од соседна Грција, а во пресрет на одлуката на Советот на ЕУ во октомври, од која зависи судбината на Владата на Заев но и перспективата на целата земја. Портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас објаснувајќи дека прават се што можат, за како што вели, да ги ублажат негативните последици од Преспанскиот договор, излезе со за нас крајно неповолен став, Македонија може само во пакет со Албанија, која според Брисел воопшто и не е подготвена за преговори со ЕУ, пренесува Алфа

.

– Од дискусиите во Европа она што го сфаќаме и од она што го гледаме и ние, наша позиција е дека не може да има раздвојување, рече Пецас одговарајќи на прашањето „дали дискусијата за Западен Балкан вклучува и раздвојување на интегративниот процес на C Македонија од Албанија”.

А дека Албанија може да биде критичниот тас на вагата за Брисел повторно да не извиси, потврдува и грчкиот експерт Јоанис Мухалетос, кој за Алфа вели дека Грција е на иста линија со големите сили во ЕУ Франција и Германија во загриженоста околу исполнувањето на условите за почеток на преговорите.

–Можно ли е Македонија да биде жртва на ситуацијата околу Албанија и да извиси за преговорите со ЕУ во Октомври?

– Можно е, бидејќи албанската влада има големи проблеми, а во исто време се обидува да врши притисок врз ЕУ преку албанската заедница таму. Директно или индиректно. На крајот на денот ЕУ може да одлучи да го врати процесот за придружување на C Македонија назад за да не ја загрози состојбата во Тирана – вели за Алфа грчкиот експерт Јоанис Мухалетос.

Инаку алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис говорејќи за европската перспектива на нашата земја, предупреди дека за тоа да се случи мора да има напушање на секакви иредентистички елементи и почитување на владеењето на правото. Тоа, заедно со целосно спроведување на Преспанскиот договор се условите од кои Атина во никој случај нема да се откаже.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This