Заглавени викендаши, биле во Маврово и Ростуше, а поради кризната состојба во Дебар и Центар Жупа не можат да се вратат дома

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколкумина граѓани кои биле на викенд во Лазарополе, Тресонче, Росоки, Гари и Селце, се заглавени, односно не можат да се вратат дома, поради превентивните мерки за забрана за движење во Дебар и Центар Жупа. Овие граѓани потенцираат дека местата каде што се наоѓаат се под опшина Маврово и Ростуше, а не Дебар и Центар Жупа.

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес конференција посочи дека е информиран за овие граѓани, но посочи дека Кризниот штаб ќе одлучи дали ќе им се дозволи да се вратат дома, или ќе мораат да останат таму.

-Контактиравме со овие лица, односно се наоѓаат во подрачјето за влез и излез на Дебар и Центар Жупа. Дадени се информации до Кризниот штаб, доколку може да се изнесат со возила. Доколку се одлучи дека не смее, ќе мора да останат таму, а ќе бидат снабдени со намирници, рече Спасовски.

Тој додаде дека сите треба да бидеме свесни дека е подобро е да им се помогне таму каде што се, доколку се одлучи дека не смеат да излезат, отколку да се наштети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This