ЗАГРОЗЕНА ПРЕПОРАКАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Францускиот амбасадор во Македонија смета дека вчерашната процедура била нецивилизирана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот амбасадор во земјава смета дека со начинот на кој вчера е донесен законот за двојазичност, сериозно ја загрозува европската перспектива на земјата и најверојатно лошо ќе влијае врз новиот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ

 

„Не е мое да судам, но глетката што ја видовме беше сѐ само не глетка од еден парламент на европска држава. Во период кога земјите членки на ЕУ треба да се произнесат за препораката за преговори, посебно за условеноста на препораката, ќе се постави прашањето дали агендата на Прибе ќе биде брзо усвоена и формално ќе се отвори и прашањето за почитување на Копенхашките критериуми. Европската унија може да интегрира само функционални демократии“, изјави Тимоние за СДК.мк

Претходно и еврокомесарот за проширување на ЕУ се изјасни дека законот за јазици воопшто не е приоритет на патот кон ЕУ и дека ставањето на европско знаменце на истиот е злоупотреба на инструментот за побрзо имплементирање на реформски закони.

Новиот извештај на ЕУ за напредокот на Македонија треба да се објави на 17. април.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This