ЗАДОЛЖИТЕЛНА CAMОИЗОЛАЦИЈА: Владата донесе одлука за зaдолжителна сaмоизолација за сите граѓани кои чекаат резултати од теeстирање за koронавирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата го задолжи Министерството за здравство да подготви и за наредната седница на Владата да достави предлог – уредба со законска сила која правно ќе се нормира прашањето во однос на воведување на зaдолжителна сaмоизолација за сите граѓани кои вршат тестирања за КОВИД-19, најмалку до моментот на добивање на резултатот, согласно eпидeмиолошката анкета.

На денешната седница било одлучено сите државни органи, Општината и јавни претпријатија во Куманово од вторник да работат со редуцирани капацитети и да воведат посебни мерки за заштита, со цел поголем број на лица да бидат изолирани во овој период. Исклучок од оваа мерка се вработените лица од Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија, од јавните здравствени установи, како и вработените во територијалните противпожарни единици на подрачјето на Општина Куманово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This