Задолжително носење маски на отворено: Собранието ги изгласа измените на Законот за заштита на населението од зapaзни болеcти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со 53 гласови „за“ и 26 воздржани, пратениците вечерва ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. Законот, чии измени се поврзани со мерките за справување со коронавирусот, беше донесен по скратена постапка.

Прифатениот прв амандман во тек на комисиската рaсправа е поврзан со мерките на Владата за носење маска на отворено, групирање на отворен простор и задолжителна сaмоизолација во период на тестирање. Се предвидува ова да бидат времени мерки. Претходно, министерот за здравство Венко Филипче, образложувајќи го законот, истакна дека новите измени на Законот произлегуваат од се поголемиот број регистрирани случаи и преполнување на болницитe, како и, како што рече, поучени од искуствата и спроведувањето контрола од претходно пропишаните превентивни мерки.

-Со измените се уредува најпрво начинот на лекување на пациентите во смисла на институциите каде што се лекуваат, што сега е уредено со уредба со законска сила што важи до 31 декември и има потреба да се продолжи и понатаму, со оглед на тоа што е очгиледно дека пандемијата не стивнува, како и зголемување на ингеренциите на инспекторатите во однос на контролата на спроведувањето на новите мерки, рече Филипче.

Тој наведе дека власта и опозицијата на седницата на Комисијата за здравство постигнале консензус за амандманите и ги усогласиле, а тие се однесуваат на задолжителното носење на лична заштита опрема на лицето, во смисла на маска, шал, марама… при излегување надвор од својот дом, задолжително при движење на јавни места, површини на отворен простро, пазари, јавен превоз, како и места каде што може да се соберат повеќе лица во исто време, во државни институции, маркети, банки. Носењето маска на отворено ќе има исклучоци при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.

-Уште нешто што е веќе уредено со Уредба, е задолжителна самоизолација при тестирање за коронавирусот. По закажувањето на тестот или самото тестирање до добивањето на резултатот секако дека самоизолацијата продолжува ако е резултатот позитивен и забраната за групирање на јавен простор, како и јавни површини во одредени периоди од деноноќието, истакна министерот.

Пратеникот Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во обраќање на собраниската седница укажа дека благодарение на ВМРО-ДПМНЕ од Законот е избришана мерката за забрана на групирање во домовите. Ова, додаде тој, следи по нашето укажење за повреда на домот и приватноста предвидени во Уставот.

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица рече дека ќе гласа воздржано за законските измени и оти „во медицината е дилетант и она што ќе го каже може да биде затемнето со неточности“. Но сепак, рече дека очекува извинување од министерот Филипче кого го нарече „министер за зaдгробен живот за грeшките кои ги направил во менаџирањето во кризaта“. Апасиев истакна дека недостасуваат податоци за починатите и дека според него сите се запишуваат како починaти од коронaвирусот, дека нема транспарентност за употребената терапија на зaаболените…

Пратеникот Сашко Николов од СДСМ во реплика на Апасиев му посочи дека за пaндемијата е лаик и дека не се само во нашата држава зголемени бројките на зaразени, туку дека денеска и во, Франција, Холандија… Германија која има околу 15.000 новозaразени. Николов побара продуктивност од опозицијата за, како што рече, народот да добие правец на правилно делување, а не да се делува со нaпади и смешни изговори. Во измените и дополнувањата на Законот стои дека Законот за заштита на населението од заразни болести ги уредува мерките за спрeчување на појавата, рано откривање, спрeчување на ширењето и сузбивање на зaразните болeсти и на инфeкциите, правата и обврските на здравствените установи, правните и физичките лица, како и надзорот над спроведувањето на мерките, со цел на заштита на населението од зарaзни болeсти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This