Заев:Вакцините од Србија ќе стигнат наредната недела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премирот Зоран Заев на денешната онлајн дебата со Атланскиот совет на тема „Македонија на прагот од Европа“ изрази надеж дека следната недела земјава ќе добие вакцини против Ковид-19 од „Фајзер“, а потоа и од другите производители.

Запрашан околу набавката на вакцини против Ковид- 9 во Македонија, Заев истакна дека земјава меѓу првите се вклучила во КОВАКС механизмот за набавка на вакцини, но, како што истакна секаде е истиот проблем – нема доволни количества на вакцини и затоа доцни испораката.

– Јас се надевам дека следната недела ќе имаме од вакцините на „Фајзер“, а понатаму и од другите вакцини, потенцираше премиерот.

Тој посочи дека бројките со инфицириани со коронавирусот во земјава се стабилни и оти има над 60 отсто слободни места во болниците за лекување од Ковид-19.

Околу набавката на вакцини од Кина и Русија, Заев истакна дека вакцинацијата не е некаква геостаратешка определба и секој може да се обиде да нарача од секаде.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This