ЗАЕВ ВЕЗЕ НЕМА ОД МЕЃУНАРОДНА ПОЛИТИКА: Ништо од НАТО и ЕУ, од Заев досега добивме само навреди и омаловажување на државатаа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водењето меѓународна политика е сосема по различно од водењето на една општина како што е Струмица. Токму новинарот Тодор Пендаров во емисијата Само Вистина го разобличи почетниот оптимизам кој го имаше новата влада по средбата на Заев со Борисов. Тој истакна дека на Македонија и е забрането да се грижи за своите малцинства во соседството.

– „Како да не му се лутам на Заев, дека везе нема од меѓународни односи. Оди во Бугарија не го спомнува прашањето со македонците во Бугарија. Кои се декларираат како македонци’’. Според меѓународното право секој има право да се чуствува како што сака и тоа е суверено право на секого и тоа мора да се прифати додаде Пендаров.

https://www.youtube.com/watch?v=tYBcac7Ml6o&feature=youtu.be

Веќе подолго време владата на СДСМ го крие договорот кој треба да го поттпише со Бугарија, многу веројатно бидејќи овој договор е штетен по македонските национални интереси. По посетата на Грција беа повторени грчките црвените линии. Грците го повторија својот став ,,Нема влез во ЕУ и НАТО без промена на името’’. За денес по посетата на медијаторот Метју Нимиц тој да изјави дека „Не разговаравме за нови предлози за името ниту, пак, дојдов со конкретен предлог. Разговаравме за самиот процес и за тоа како да се интензивира“.

Заев во Бугарија го обвини македонскиот народ за национализам и вети заедничка прослава на најголемиот македонски празник Илинден кој воедно е и најзначаен за македонската државност и со тоа го оствари долгогодишниот сон на бугарските националисти дека Македонците и Бугарите се еден народ. Тој тоа тврење го потврди и со изјавата која ја имаше за бугарската телевизија цитирам ,, Ние сме сшти народ’’.

По интервјуто на Никола Димитров за Фајненшл Тимес насловот гласеше ,,Македонија размислува да го смени името за влез во НАТО’’ и токму со ова интервју ја поткопа Хашката пресуда во која Македонија излезе како победник. Да не заборавиме дека Зоран Заев беше човекот кој во преговорите за влада бланко ја потпиша Тиранската Платформа каде една од најважните точки беше обвинувањето на македонскиот народ за геноцид извршен врз албанците во Македонија. Токму поради сите овие причини македонскиот народ сериозно се сомнева во способноста на Заев и неговата влада да преговара за интересите на македонскиот народ.

Сите овие средби од провладините соросовои медиуми беа помпезно со многу ентузијазам најавувани како вистински чекори кои ги превзема новата влада. Токму овие средби ја прикажаа неспособноста за водење меѓународна политика на владата на СДСМ која е очигледна и штетна за Македонија. Владата на СДСМ за само неколку месеци успеа да ги поткопа рововските позиции кои предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги градеше изминативе 11 години со кои успеа да ги заштити македонските национални интереси и успеа да им ја подигне националната свест на сите македонци во Македонија и во светот.

Прашањето останува дали слабоста на карактерот на новиот премиер и неговата попустливост која води кон игнорирање на македонските национални интереси ќе биде причината за брз влез во ЕУ и НАТО на Македонија?

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This