ЗАЕВ ВЕТУВАШЕ ВЛАДА БЕЗ ОГРАДИ ОТВОРЕНА ЗА СИТЕ, ДЕНЕС СО ДУПЛИ ОГРАДИ И ЗАШТИТНИ КОРДОНИ СЕ БРАНИ ОД ГРАЃАНИТЕ: Блокирани сите пристапи до Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ограда на оградата, ова е сликата која што може да се види утрово пред Владата на Република Македонија. Зоран Заев ветуваше Влада без ограда отворена за сите, за утрово покрај оградата, граѓаните да видат уште една ограда која го блокира пристапот до Владата уште од раскрсницата пред мостот „Гоце Делчев“.

-Денеска ве повикувам да дојдете и да уснимате пред да почне седницата на Владата за да знаат граѓаните, тоа е Влада на сите граѓани, да ги видите сите детали, секако тоа е правено со народни пари, одлуките ќе ги носиме соодветно како и ние ја согледуваме и чувствуваме својата потреба, портите се отворени на Владата и тоа беше наједноставниот начин да го направиме уште пред почетокот на викендот и тоа веќе функционира, рече Заев во изјава за медиумите неколку дена по стапување на функцијата.

Тој уште дополни и дека оградата најверојатно ќе ја сече и од неа би правел столчиња и клупи за седење, за сега да гледаме дека не само што не ја исекол постоечката, туку дополнително ја оградил Владата со уште една ограда.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This