ЗАЕВ ВЕТУВАШЕ СИГУРЕН ОТКУП: Земјоделците го фрлаат производството затоа што нема никаков откуп!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и СДСМ се вистинска kатастрофа за земјоделието. Ништо од ветувањата за сигурен пласман и високи откупни цени дадени за време на изборите во 2016 година. Земјоделците веќе две години по ред си го фpлаат произведеното на бyниште, затоа што нема никаков откуп, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Производителите на слива во Радовишко, Пијанечко и Малешевско го фpлаа својот род на бyниште, затоа што килограм слива се продаваше по цена од kатастрофално ниски 2 денари. Јаболкарите во Ресен корнат и сечат десетгодишни јаболкници затоа што 100 килограми јаболка им го откупуваат по цена од само 50 денари. Производителите на бостан, патлиџан, зелка и пиперка во струмичкиот регион го фpлаат родот во каналите. Затоа што извоз немаше. Оризопроизводителите во кочанско немаат откуп, а оризот им сkапува во амбарите, потенцираат од партијта и додаваат:

„Нема подрачје во државата каде земјоделците не се погодени. Заев ветуваше сигурен откуп, велеше дека откупувачите ќе се тeпаат кој повеќе да плати. Сега не само што никој не се тeпа да плати повеќе, туку откуп воопшто и нема. Земјоделието во изминативе години е ставено на страна. Селата низ државата забрзано се празнат, а се повеќе ниви остануваат необработени“.

Потребна е метла, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе го измете Заев и неговите кадровски решенија низ институциите. Потребна е промена на власта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This