ЗАЕВ ВЕЌЕ ГО СМЕНИЛ ИМЕТО, САМО НИ НЕ ЗНАЕМЕ: Командантот на НАТО Џејмс Ставридис вели дека Македонија е следна членка на НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е следната држава која ќе се приклучи во НАТО, смета бившиот командант на Алијансата Џејмс Ставридис, кој вели дека тоа би бил следен чекор кон обединувањето и зајакнувањето на Балканот

„Се надевам дека Грција ќе биде во состојба со Македонија да го реши спорот околу името, кој ќе ги отвори вратите на Македонија во НАТО. Мислам дека Македонија ќе се приклучи во Алијансата“, рекол Ставридис за „Гласот на Америка“.

Тоа, според неговите зборови, ќе биде следен чекор кон обединувањето и зајакнувањето на Балканот.

И американскиот потпретседател Мајк Пенс, во име на претседателот Доналд Трамп, претходно овој месец, во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, ја повтори поддршката за евроатлантските интеграции на МАкедонија.

„Пенс рекол дека САД продолжуваат со поддршката за евроатлантските аспирации во Македонија, и го охрабри Заев да продолжи со приоритетните реформи кои ќе го убрзаат патот на Македонија во тој правец“, соопштија од Белата куќа.

Претходно, на самитот на Јадранската лига во Црна Гора, Зоран Заев имал и тајна средба со Мајкл Пенс, на која како што тогаш информираше Спутник била договорена динамиката за промена на името Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This