Заев: Вo пocтojaн pacт e eкoнoмcкaтa aктивнocт вo Тeхнoлoшкo paзвojнитe индycтpиcки зoни, зa 8 oтcтo пoвeќe paбoтни мecтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Во моментов во зоните работат 14.240 наши сограѓани, а се очекува ваквиот тренд да продолжи во наредните месеци, бидејќи во дел од компаниите се спроведуваат процедури за отворање на нови работни места, а според договорите постојните инвеститори имаат обврска да отворат дополнителни 7.000 нови работни места“, вели Заев.

Економската активност во Технолошко развојните индустриски зони е во постојан раст, анализите на ТИРЗ покажуваат пораст на бројот на вработени и извозот во зоните. Бројот на работни места во ТИРЗ е зголемен за 8% за една година, споредено јули 2021 во однос на истиот месец 2020 година, објави премиерот Зоран Заев денеска на својот Фејсбук профил. 

Во објавата Заев додава:

„Во моментов во зоните работат 14.240 наши сограѓани, а се очекува ваквиот тренд да продолжи во наредните месеци, бидејќи во дел од компаниите се спроведуваат процедури за отворање на нови работни места, а според договорите постојните инвеститори имаат обврска да отворат дополнителни 7.000 нови работни места.Редовната месечна анализа на ТИРЗ покажува позитивен тренд и во однос на извозот. Во првите седум месеци од 2021 во зоните вкупниот извоз достигна 1 милијарда и 700 илјади евра, што е за 56% повеќе во однос на истиот период лани, односно над 9% во однос на 2019 и речиси 30% повеќе од 2018 година. Само во јули извозот е 225 милиони евра. Според анализата компаниите активни во зоните учествуваат со над 45% во вкупниот извоз на државата.Овие позитивни бројки се резултат на новиот концепт на привлекување инвестиции на ТИРЗ и Владата кој се базира на анализа на 10 годишни инвестициски планови врз основа на кои се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата, и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата.

Продолжуваме со реализација на мерки и политики што носат нови инвестиции, нови работни места и повисок животен стандард за сите“.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This