ЗАЕВ ГИ ЛАЖЕЛ И ВРШЕЛ ПРИТИСОЦИ ВРЗ АКАДЕМИЦИ: Професорката Јачева- Улчар потврдува за лагите и притисоците од социјалдемократите за Законот за двојазичност!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката од Институтот за македонски јазик д-р Елка Јачева- Улчар преку Фејсбук во недостиг на јавна и на стручна дебата во врска со Законот за јазиците,  јавно ги праша нашите и странските политичари, независно од нивната националност: во која држава на ЕУ постои билингвалност на целата територија во услови на непостоење РЕАЛНА билингвалност на 2/3 од територијата на истата таа унитарна држава?

Ваквата реакција на професорката Улчар само го потврдува она за кое вчера пишуваше Република дека директорката на Институтот за македонски јазик Елена Јованова – Грујовска свикала итен состанок со дел од вработените кои се големи поддржувачи на СДСМ за да изготват стратегија, од која треба да произлезе афирмативно писмо во одбрана на двојазичноста што планира да ја воведе СДСМ во Македонија. Во продолжение може да го прочитате статусот на професорката.

ЛАГА
Слика 1.
Ми се јавува пред два дена доцна попладне Директорката. Слушно возбудена: – Елка, те вика утре во 10 до 9 во Влада Премиерот, сака да разговара со тебе лично. – Само со мене? – прашувам (од искуство знам дека кај пример се оди на покана од некој од неговиот кабинет и со најава за темата на разговорот). – Не, и со мене и со колешката ХХ. – На која тема ќе разговараме? – прашувам. – За Правописот – вели… – ќе дојдеш? – Да, велам и нешто ми е чудно…

Слика 2.
Влегуваме во Влада. Видно возбудена, вели дека и е првпат. Застанува на портирницата, а потоа се претставува: прво себеси, па колешката, па мене, со сите претставки пред нашите имиња (ѓоа којзнае колку му е тоа важно на портирот?!). Продолжува: – Знаете, ние имаме закажано со г. Забрчанец!!! (па, нели требаше со Премиерот?)

Слика 3.
Седиме и разговараме во Владата додека по глава ме треснува нова лага: второто издание на Правописот скришум, без таа да знае сме му го дале на печатење на ИП “Култура” (сиц!).

Слика 4

Собрани во Институт 15-ина колеги на Научен совет. Се дискутира за Законот за јазиците. Сите сакаме официјален став кој ќе излезе од ИМЈ во врска со овој закон. Таа не сака. Нова лага: по полноќ добила СМС од МАНУ да не се презема никаква активност во врска со Законот.

Цел ден си мислам: блазе нам со неа како директор, ама и на Владата, ако, воопшто, не е лага дека е член во новиот состав на Советот за македонски јазик, кој официјално, се уште, не е соопштен, иако веќе одржал конститутивна седница.

Извори на „Република“ посочија дека состанокот се одржал на барање на високи партиски функционери кои го раководат т.н. „министерство за пропаганда“ на СДСМ, во кое се вработени десетици поранешни невладини граѓански активисти и има цел да ги релативизира лажните ветувања и катастрофалните национални политики на СДСМ, партизацијата и неспособноста за раководење со власта.

Дека нема јавна дебата во врска со Законот за јазиците потврдува и академик Катица Ќулавкова.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This