Заев го сменил Законот за да градат модуларни болници како во Тетово, без А тест и дозвола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во дуелот на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија Зоран Заев призна дека го сменил Законот за да се градат модуларни болници како во Тетово, без А тест и дозвола.
„Дефинитивно сите знаеме дека поставивме модуларни контејнери префабрикати, односно претходно сработени во фабрики. За таквите времено поставување на објекти не се дава употребна дозвола, с еправи примопредаавње на такви објекти и Законот јасно тоа го опишува. Сум бил градоначалник и знам кога се дава употребна дозвола. Таму кај што имате дозвола за градба се дава и употребна дозвола. Таму кај што имате времено поставување на модуларни префабрикати контејнери, префабрикати значи претходно изработени во фабрики, таму се дава примопредавање“, истакна Заев.
Заев додаде дека објектите се поставени за да се згрижат граѓаните.
„Јас тврдам дека е целосно постапено согласно Закон, сите правила и правни и прописи се спроведени дадено е решение за примопредавање на самиот објект, дополнително се дообезбедени од самите болници, не само во Тетово туку и Инфективна клиника и на сите други Инфективни одделенија во државата дополнителни услуги, сето тоа е завршено како што треба за тоа што се работи за времно сместување на пациенти“, појасни Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This