Заев го штитеше рекетот и криминалот, затоа што и самиот е криминалец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од говорот на Заев се гледа дека тој е свесен дека веќе е поразен политичар на овие избори. Тој зборува и живее во минатото и се обидува со гафови да си ги покрие сите криминали во кои е заглавен до гуша, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од него на претстојните избори нема да чуете никаква понуда ниту програма, затоа што ја нема. Се обидува со истите партиски флоскули и фрази и со повторување на истите лаги и манипулации да излезе пред граѓаните. Но тоа овој пат не поминува. На граѓаните им е кристално јасно дека тој е “капо ди тути капи“ во рекетарските и криминални шеми во Македонија. Тој бега од одговори на овие прашања како ѓавол од темјан. Може да бега , ама нема да избега, ниту од одговорите ниту од одговорност. Заев ќе остане запаметен во црната македонска историја како премиер, кој покрај тоа што го погази достоинството на државата и на народот, ја претвори Македонија во земја на криминалот и корупцијата, како човек кој штитеше криминал и овозможи куфери и торби со милиони евра изрекетирани пари да ги шетаат неговите блиски, додека народот осиромашуваше. Заев го штитеше криминалот во овие три години од една и единствена причина, затоа што и самиот е криминалец, истакнуваат од партијата.

СДСМ и заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова! Додаваат од таму.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This