Мисајловски од Бутел: Ние нема да го продадеме достоинството, ние нема да ја продадеме државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Носителот на Изборната единица 2 Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ попладнево е во посета на населеното место Бутел.

Таму со почитување на мерките против ширење на Ковид-19 оствари средба со граѓаните.

Пред граѓаните ја претстави програмата на ВМРО-ДПМНЕ со од над 1.000 проекти директно за граѓаните.

-Почнуваме денеска со кампања, они почнаа со црна кампања, ние да продолжиме со позитивна кампања. Свесни сте што се случуваше во изминатиот период, главата горе исправени, барем таков ни е и слоганот да се исправиме сите и да ја исправиме кичмата на Македонија гордо и исправено, вели Мисајловски.

Тој додава дека владата помеѓу СДСМ и ДУИ била влада од интерес, додека ВМРО-ДПМНЕ е поразлично од нив.

-Ние нема да го продадеме достоинството, ние нема да ја продадеме државата. Една работа што е многу важна е дека од сега па натака ВМРО-ДПМНЕ треба да ја води оваа влада и да ги решава сите тешки прашања во ова општество и да не дозволиме ниту една друга партија да ги решава националните прашања, рече Мисајловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This