Тачи го oткaжa патувањето во САД и средбата со Вучиќ, Хашкиот cyд го oбвини за голем број злocтоpcтвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со нетрпение го очекувам разговорот со претседателот Вучиќ и со премиерот Хоти, изјави специјалниот претставник на Белата куќа, Ричард Гренел, објаснувајќи дека Хашим Тачи го информирал дека нема да дојде во Вашингтон, на средбата што е закажана за сабота, откако против него денеска беше покренато обвинение.

Гренел на Твитер напиша дека Тачи го информирал дека го откажува патувањето, по изјавата на Специјалното обвинителство.

„Ја почитувам одлуката на Тачи да не присуствува на разговорите додека не се решат правните прашања во врска со обвинението“, напиша Гренел на Твитер.

Специјалното обвинителство за Косово денеска покрена обвиненија против Хашим Тачи, Кадри Весели и други осомничени за голем број злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This