Заев гo пoгaзи тpyдoт нa тyтyнoпpoизвoдитeлитe, cлeдyвa ли 6yнт?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тутунопроизводителите и оваа година мака мачат со откупот на тутунот. Откупувачите со високи барања до тутунопроизводителите поради тоа што не ги обезбедиле договорените 23 милиони килограми тутун.

Тутунопроизводителите, пак, велат дека поради лошите временски услови тутунот бил оштетен и не се во можност да произведат повеќе тутун од оној кој веќе го имаат, односно околу 20 милиони килограми тутун. Иако според договорот помеѓу тутунопроизводителите и откупувачите треба да се произведат над 23 милиони килограми, сепак и оваа година тутунопроизводителите имаат обезбедено над 20 милиони килограми тутун кој сметаат дека треба да биде откупен по повисока цена од предвидената.

Тутунопроизводителите бараат оваа година цената на тутунот да биде покачена, односно цената за прва класа да остане иста (280 денари), додека пак за втората, третата и четвртата класа цената да биде сразмерно покачена. Тие велат дека оваа година со голема мака е изработена и оваа количина која ја имаат и очекуваат државата да помогне во откупот на тутунот.

Нашите извори од таборот на тутунопроизводителите велат дека ниту министерот за земјоделие Харијанит Хоџа, ниту пак премиерот Заев имал слух за нивните барања. Исто така велат дека времето кое поминува без да се изнајде решение за проблемот, дополнително му влијае на квалитетот на тутунот, а со тоа се заканува и намалување на и онака помалата количина тутун во однос на изминатите години.

Тутунопроизводителите досега не наидоа на решение од надлежните во однос на откупот на тутунот, па поради таквиот пристап велат дека бунтот ќе биде уште поголем, а можни се и блокади со кои ќе го искажат револтот.

Според нив, Зоран Заев иако во текот на кампањата ги користел како адут преку кој би можел да ги придобие, моменталната ситуација со откупот покажува дека биле измамени и изманипулирани за политички поени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This