Заев договарал да се напише дека биле ослепени 14 илјади војници за да им било поинтересно на децата во учебниците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По којзнае кој пат се потврди дека се врши притисок врз Комисијата за историски и образовни прашања да прифатат работи за кои не мора да бидат факти, туку затоа што се желба на македонскиот премиер Зоран Заев или на бугарскиот државен врв. Тоа го потврди и самиот премиерот Зоран Заев во неговото вчерашно интервју за Сител Телевизија во кое посочи дека според него во учебниците по историја требало да стои дека се ослепени 14 илјади војници, само за да им биде интересно на учениците.

– Колку што знам на последниот состанок се зборува за Цар Самоил. Имаме записник кој што е прифатлив за двете страни. Нашата страна предлага да бидат дополнето дополнителни работи коишто не и штетат на бугарската страна. Во записникот не е веројатно запишано дека биле војска 14 илјади ослепени војници на коишто на секој стоти му е оставено едно око. Тоа го знаеме од историјата, тоа треба да опстојува прво е примамливо за учење за децата и тоа не и штети на Бугарија. Бугарската страна сака да биде само тоа во записникот, рече премиерот Заев за Сител.

Сите знаеме и сме го учеле тоа, настанот не е спорен, според средновековните историчари бројката е таа, но тука има две запрепастувачки работи во изјавата на премиерот.

Прво е тоа гореспоменатото дека тој врши притисок и тој договара што да има во учебниците по историја и дека не ги остава историчарите да си ја работат својата работа. Односно иако постојано повторува дека историјата ќе ја остави на историчарите, во реалноста гледаме друга слика, како тој постојано диктира и договара промена на историски факти или нивно бришење во зависност од тоа што договорил со бугарскиот премиер Борисов.

Другата работа која ужаснува е што еден премиер смета дека на децата треба да им биде интересна една таква трагична судбина. Kој го виде интервјуто сигурно му ја забележа насмевката на премиерот додека зборуваше за настанот. Имено, станува збор за најтрагичниот настан на Самоиловото Царство, после загубената битка од Византија ослепени биле неговите војници, а тоа довело до распад на неговото Царство и потоа за многу брзо и крај на животот на Цар Самоил.

Историјата се изучува за да да извлечеме поука за сегашноста и како да се водиме во иднината, да знаеме кои текови довеле до тоа што сме и кои сме денес. Така да незамислива е и неприфатлива таквата изјава и начинот на кој го кажа премиерот како што ужаснува дека тој одлучува што ќе стои во учебниците, а не историчарите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This