Заев – Дуда: Македонија треба веднаш да ги започне преговорите со ЕУ за да се потврди дека европскиот проект е жив и атрактивен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска беше домаќин на работен ручек организиран во чест на претседателот на Полска Анджеј Дуда кој е во официјална посета на Македонија.

Премиерот Заев изрази благодарност до претседателот Дуда за охрабрувачките пораки што тој ги испраќа по однос на интеграцијата на Македонија во ЕУ, како и за севкупната помош што Полска ја обезбеди во неколку наврати за македонското здравство, вклучително и најновата донација од 200.070 дози Фајзер вакцини.

„Европа е нашата ѕвезда водилка, мотиватор за нашиот развој низ децении и векови и веруваме дека ЕУ нема да дозволи нашата надеж да згасне”, изјави премиерот Заев на средбата со претседателот Дуда.

Во тој контекст, заеднички беше констатирано дека проширувањето на Европската Унија мора да продолжи, изразено преку почеток на преговорите на Македонија, бидејќи со тоа ќе се потврди дека европскиот проект е жив и атрактивен, особено за земјите како Македонија кои ги спроведуваат сите потребни реформи.

После Брегзит, проширувањето на Европската Унија е особено важно за да се обезбедат нов ентузијазам, нови можности, нов развој и нов економски пазар, се согласија Заев и Дуда.

На средбата беше истакната блискоста меѓу полскиот и македонскиот народ и меѓу сите граѓани на двете земји, а премиерот Заев и претседателот Дуда потенцираа дека постојат одлични услови за натамошен развој на соработката меѓу Македонија и Полска, особено во сферата на економијата и туризмот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This