ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ НАЈАВУВААТ ПОЧЕТОК НА ГРАДБА НА НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО 2019: Дали власта ја крие локацијата која не успеа да ја обезбеди во 2018

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство, Венко Филипче денес на социјалните медиуми објави дека оваа година започнуваат со изградба на Клинички центар во Скопје.

На граѓаните треба да им се даде одговор како оваа година ќе се започне со изградба, кога се уште локацијата на самиот Клинички не е позната.

Минатата година се шпекулираше за три можни локации: Злокуќани, Бардовци и Петровец. И се уште локацијата остана енигма.

За да се започне изградбата потребно е локација, решени имотно правни односи, елаборат, проект и изведувач. Јавноста, како што е запознаена од самиот министер, нема ништо од тоа за да започне со изградба на Клиничкиот. За да се изработи елаборат и проект минимум потребни се една ипол година.

Сепак од тука се поставува прашањето: Дали министерот манипулира со јавноста во врска со Клиничкиот центар?

Градиме инфраструктура – за граѓаните да добијат подобри услуги

Во 2019 година започнуваме со изградба на Клиничкиот центар во Скопје, започнуваме со изградба на новиот автопат Скопје – Блаце, и почнуваме со изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште, двата јавно-приватно партнерство – проект вреден повеќе од 800-тини милиони евра. Ова се историски проекти со кои овозможуваме економијата да функционира за секого.Оваа година почнуваме и со големи инвестиции во обновливите извори на енергија. До 200 мегавати сончеви колектори на површина поголема од 300 хектари и до 50 мегавати ветерници и други инвестиции во обновливи извори на енергија.

Posted by Zoran Zaev on Saturday, January 12, 2019

Филипче, ако е вистина дека ќе започне со градба оваа година на Клинички, треба да ги образложи сите податоци на граѓаните бидејќи се должни да знаат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This