ЗАЕВ КАКО „ПОПЛАBEH“: Договорени избори на 12 април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски рече дека нивниот предлог бил 22 декември да има предвремени парламентарни избори, но опозицијата барала сто дена влада.

-Нашиот предлог беше 22 или 29 декември да одиме на избори, во период кога нема ништо важно во државата би можеле да го завршиме избирачкиот процес, а притоа да очекуваме Шпанија во декември или јануари да направи ратификација на протоколот од НАТО, а ние да имаме функционален парламен кој на крајот кога ќе го ратификуваат сите земји членки останува нашиот Парламент да го ратификува протоколот од НАТО, да го депонираме во Вашингтон и со тоа да станеме членка на НАТО. Опозицијата коментираше дека во тој случај нема 100 дена влада. Имаше и други опции 22 март, 29-ти март, 12-ти април, но сите сме согласни дека изборите ќе се одржат на 12 април“, рече премиерот Заев. За тоа кој ќе дојде на негово место ќе има дополнителни консултации. – Имаме можност да разговараме и за промена на изборниот модел. За СДСМ е прифатливо да имаме една изборна единица, но треба да ги слушнеме и другите политички партии. За нас е важно да направиме еден исчекор напред кон демократизацијата, додаде Заев.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/970423659961995/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This