Заев молчи за предлогот на Мицкоски за резолуција за зaштитa на македонски јазик: Пендаровски го кapa народот дека не слушал бугарска музика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев се уште молчи по предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се разгледа можноста во македонското собрание да се донесе Резолуција по пат на консензус за заштита и потврдување на посебноста и автентичноста на македонскиот јазик.

Имено Мицкоски вчера во свои статус на Фејсбук пишува дека оваа Резолуција нема да значи никаква претенција, туку потврда за нашето и испраќање на политичка порака дека како држава сепак имаме кичма и свој јазик различен од сите други по кои се препознаваме и разликуваме од останатите.

-Ја следам онаа дебата каде Зоран Заев со полуплашлив тон ќе каже дека допрва ќе одлучуваат, како да одлучат за да ја демантираат одлуката на БАНУ. На ова ќе потсетам претходеше и Резолуција во Бугарскиот Парламент со која се спореше македонскиот јазик, ова вчера во свој статус на Фејсбук го пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Сето ова остана незабележано и без реакција на македонската држава. Впрочем, вината не треба да се бара во соседите, тие лошо би се бореле за своите интереси ако не искористат ваква катастрофална пластелин политика на нашата Влада, каде основата на се е виткањето на кичмата. Арно, но таквото виткање цели три години наместо гигантски чекори напред, какви што ветуваа, ни испорачува гигантски тресок на дното. За само три години, речиси и да нема сегмент од темелите на Македонија кој Заев и оваа Влада не започна да го разјадува и доведува во прашање. Не е до соседите, до Заев е, пишува Мицкоски.

Тој понатаму во својот пост пишува и дека полусрамежливото кажување дека БАНУ не е во право, нема да спречи вакви или други тендеции. Јас пред два месеци дадов иницијатива, и сега ќе ја реактуелизирам во македонското Собрание да донесеме заедничка Резолуција по пат на консензус за заштита и потврдување на посебноста и автенткчноста на македонскиот јазик. Впрочем, таквата Резолуција нема да значи никаква претензија, туку потврда за нашето и испраќање на политичка порака дека како држава сепак имаме кичма и свој јазик различен од сите други, по кои се препознаваме и разликуваме од останатите.

-За ваквата Резолуција е добро да се изјасни и Зоран Заев, и се надевам дека овој пат нема да се двоуми и молчи како што тоа го прави за предлогот за ограничување на амнестијата, испитување на имот на политичарите, кандидат мандатар и измени на Законот за јазици во склад со Венецијанската Комисија и Уставот. Се надевам дека барем малку ќе се издигне над дневната политика и ќе се стави на страната на националните интереси, стои во неговиот пост на Фејсбук.

По бурните реакции во јавноста откако Бугарија донесе одлука дека македонскиот јазик не постои со свое соопштение излезе и бугарското ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов во кое се вели дека македонскиот јазик не постои и дека Македонија претерувала како држава!

Бугарската ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов со огласи со соопштение откако македонскиот премиер Зоран Ззаев изрази очекување дека Бугарија ќе треба да го „надмине прашањето со македонскиот јазик“.

„Неговата изјава доаѓа по таканаречената повелба за македонскиот јазик од таканаречената Македонска академија на науките и уметностите. Повелбата е провокативна и ненаучна и соодветно наиде на реакција од страна на лингвистите во БАН. Сето тоа се случува во заднината на свесното блокирање на работата на заедничката комисија за историски прашања, заради политизирани тези на историчарите од Скопје се вели соопштението објавено од прес-центарот на партијата, пренесува софиски „Труд“.

ВМРО не сака и не треба да се меша во научни спорови , но го потсетува премиерот Заев дека Бугарија одамна го надминала „проблемот“ со јазикот на кој што се зборува во С.Македонија и нема ништо повеќе да „надминува“. Освен тоа, во меѓународното право не постои акт за „признавање јазик“. Ние сме ја признале независна Македонија-први во светот. Со тоа сме го признале нејзиното право на устав во кој официјално Скопје може да го нарече својот јазик како што сака. Меѓутоа, тоа не може да го смени фактот дека тоа е бугарски јазик.

Ние одамна ја применуваме формулацијата „согласно Уставот на Република Северна Македонија“. Таа формулација го покажува нашето почитување на уставното право на Македонија да користи своја „етикета“. Јазиците се одамна политички „етикети“. Денес во бивша Југославија се создаваат секакви „етикети“ за јазици, кои се во суштина исти. Во цела Европа е така…

За никого нема сомнение дека различните македонски наречја врз кои во 40-тите години административно е кодиран „јазик“ ист со бугарските говори. Членувањето, отсуството на падежи, идентичната синтакса-тоа се повеќе од отворени белези на бугарскиот јазик.Дури и дијалектната фонетика и ритамот на јазикот се исти. Да, лексиката денес е различна. Но, со голо око се гледа дека тоа е намерен и задишан обид за внесување зборови или користење на архаизми,србизми и турцизми само за да се постигне различно звучење.

Според оваа партија „Да кажеш дека во Македонија има некаков различен јазик од Бугарија е исто како да кажеш дека во Косово има некаков различен јазик од Албанија. Се разбира, во Косово немало „академици“ кои неколку децении свесно работат за политчко одвојување на луѓето од двете страни на границата.

Впрочем, Заев најдобро го знае тоа: тој е од Струмичко-тој крај буквално последен беше одземен од Бугарија, според одредбите од Нјескиот договор. До ден денес, кога роднините и сограѓаните на Заев ќе отидат во други делови на Македонија сигурно уште ги прашуваат дали се „бугари“.

Всушност, одговорот на тоа прашање во цела Македонија е „да“. Зашто Македонец и Бугарин се два збора за едно и исто. Затоа и нашиот повик до нашите браќа од другата страна на границата е: не претерувајте! – се вели во соопштението на ВМРО-БНД.

Инаку претседателот Пендаровски неодамна даде своја скандалозна изјава со која го искара македонскиот народ и младина дека не слушала бугарска музика, туку српска турбо-фолк.

Тој исто така во својата изјава вели дека му е жал што младите не знаат ниту еден бугарски спортист ниту пак актер.

-Мене ми е жал, меѓутоа ден денеска македонската младина ги знае сите фудбалери и сите турбо-фолк ѕвезди од Србија, не знае ниеден спортист, ниеден глумец од соседна Бугарија.Тие не знаат ниту еден грчки артист или спортисти, исто така. И да не зборувам за Косово и Албанија. Тоа е грешка на политичарите, рече во едно свое интервју неодамна Пендаровкси.

За потсетување на македонската јавност на 11 декември Бугарската академија на науките утврди дека македонскиот јазик е бугарски дијалект.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This