Заев најави задолжување за нови над пола милијарда евра за следната година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев нема стратегија за раст и развој, неговата стратегија е за пpoпаст и очај. Тој денеска најави дека догодина планира повторно да ја задолжи државата и да го зголеми јавниот долг за нови на пола милијарда евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Буџетот не е развоен, туку уназаден. Нема стратешки проекти, нема развој.

Заев не кажа како планира да гу зголеми приходите во буџетот, ниту како да ги врати на работа над 40.000 наши сограѓани кои останаа без работа периодов. Заев не кажа ниту како ќе им помогне на фирмите, или уште е на ставот дека ќе ги остави да пропаднат.

За да се задолжуваш, мора да инвестираш во добра кои имаат додадена вредност, а не во работи кои не генерираат дополнителни приходи, така само тоне државата и доаѓаме до ниво на инсолвентност.

Кој инвеститор ќе му верува на Заев кога тој намерно дозволи да пропадне Еуростандард банката од која кредити без покритие земаа струмички фирми?!

Како економијата ќе биде стабилна кога сите слушаме како власта го договара ДУП-от за ШИК Јелак“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This