Франкфуртер алгемајне цајтунг: Македонците се вештачка нација, а Бугарите се дар од Бога

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Софија ќе ја повлече заkaната за вето само доколку Македонците се подготвени да го преземат бугарскиот историски наратив: притоа, македонската е една „вештачка нација“- наспроти бугарската, која во Софија веројатно ја сметаат за дар од Бога, падната од небото или создадена преку осмоза“, пишува германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) за спорот меѓу Бугарија и С. Македонија, a пренесува „ДВ“.

Според весникот, строгите ставови на официјалната бугарска политика и историографија наидоа на отпор и во самата земјата.

„Неодамна, 40 бугарски интелектуалци- историчари, лингвисти, писатели и други социјални научници, остро ја критикуваа историската политика на нивната влада. Во нивната Прокламација, академиците ја критикуваат ’доминацијата на една застарена, романтизирана и митолошка бугарска историографија’ во Бугарија, која, во некои делови е дури и смешна. Бугарските интелектуалци, притоа, бараат фундаментална реформа на бугарската историографија и промена на парадигмата во историското размислување“, стои во пишувањата на весникот и дополнуваат дека писмото на интелектуалците е значајно бидејќи отворено го нaпаѓа сојузот меѓу националистичките историчари со владата, нешто што може да се најде во различни форми во сите балкански држави.

„Во историските истражувања на Балканот, практично има две спротивставени групи: Едната бара меѓународно признание, а втората им служи на закоравените национални стереотипи, а како награда добива државни ресурси и ја контролира нивната распределба. Оттука, историчарите со институционална моќ во балканските држави не секогаш се и најдобрите од нивниот фах. Тие не сметаат дека имаат обврска кон независно истражување, туку ја дефинираат својата улога како слуги на народот и државата“, пишува ФАЦ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This