Заев најави целосна реализација на договорите со соседите: После „Аце“ и Гоце ќе оди „jaбана“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

При излагањето во Собранието на Република Македонија, мандатарот Зоран Заев која ја претставуваше програмата на Владата најави целосна реализација на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедсто со Бугарија. Тоа значи дека Македонија и Македонците имаат уште многу отсапки кои треба да ги направат за да ги задоволат апетитите на нашите соседи.

-Новата Влада останува сериозна посветена на реализација на Договорот од Преспа со Грција и договорот за добрососедство со Бугарија. Тие договори обезбедија членство во НАТО и ја отворија вратата за преговори со ЕУ. До нивната целосна реализација остануваат обврските на кои посветено ќе работиме во духот на заедничкот разбирање со нашите соседи Грција и Бугарија како и со останатите соседи, вели Заев.

Бугарското Народно собрание неодамна ја усвои декларацијата со која од Македонија се бара откажување од македонскиот јазик, Гоце Делчев и делот од македонската историја која бугарија го смета за свој.

„Бугарија поддржува иницирање претпристапни преговори на Република С Македонија и Албанија со Европската Унија. Ова не треба да се сфати како гаранција за членството во ЕУ, туку како поттик за забрзување на реформите, зајакнување на владеењето на правото и за одржување на добрососедските односи. Поддршката за европска интеграција не смее да биде на штета на историските настани, документи и артефакти, како и улогата и ставовите на личности од бугарската историја“, соопшти Собранието.

Тоа притоа ги изнесе условите што ѝ се поставуваат на Македонија.

-Ефикасно и неодложно спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.

-Строго придржување до членот 8 од Договорот дека „објективните, автентични, историски извори се засновани на докази за научно толкување на историски настани“.

-Воздржување од дејствата со кои што се поддржуваат и поттикнуваат тврдењата за признавање на таканареченото македонско малцинство во Бугарија, вклучувајќи и во меѓународни организации.

-Рехабилитација на жртвите репресирани поради бугарска самосвест.

-Строго придржување до клаузулата во врска со официјалниот јазик на Република С Македонија, утврдена и ратификувана од парламентите на двете земји.

-Целосно спроведување на договорите што ги постигна заедничкиот мултидисциплинарен експертски комитет за историски и образовни работи и нивно вклучување во образовни планови и материјали.

-Запирање на говор на омраза кон Бугарија и граѓаните на Република С Македонија со бугарска самосвест, вклучувајќи медиуми, натписи на споменици и слично.

-Реставрација и одржување на бугарски воени гробишта и споменици на територијата на Република С Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This