Заев на одделна средба со Папата Франциско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев и Неговата Светост Папата Франциск остварија одделна заедничка средба во рамките на програмата на апостолската посета на Неговата Светост и прв свештеник на Католичката Црква.

На средбата, уште еднаш беше потврдена вековната духовна врска меѓу папската држава и нашата земја воспоставена со мисијата на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, и со чествувањето на нивното дело што секоја година заеднички се прославува во Рим и Ватикан.

Премиерот Заев на средбата порача дека оваа Апостолска посета е инспирација за народот на Македонија и го замоли Папата Франциск да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата.

На средбата меѓу премиерот Заев и Папата Франциск беше истакната заложбата Република Северна Македонија да ја продолжи својата афирмација како земја на заедништво и толеранција следејќи го примерот на делото на Светите Кирил и Методиј, кои во 1980 година Ватикан ги прогласи за покровители на Европа.

Папата Франциск го поздрави и семејството на премиерот Заев, кога во завршницата на средбата им се придружија сопругата на премиерот Заев, Зорица, заедно со ќерката Александра, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This