Заев на пресот со Рикер се обрати до Брисел: Билтарелните прашања немаат место на преговарачка маса

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ останува наш највисок стратешки приоритет, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција одржана заедно со В.Д. помошникот државен секретар за Европа и Евроазиски прашања на САД, Филип Рикер.

Тој повторно го потенцираше, она што за што вели, верува дека е јасно и за Брисел, дека билатералните прашања немаат место на преговарачката маса.

Премиерот додаде дека земјава нема да се откаже од изнаоѓање заеднички прифатливо решение со Република Бугарија засновано врз европски вредности и стандарди, но вели дека има некои прашања за кои не може да се преговара.

– Северна Македонија нема да отстапи од изнаоѓање заеднички прифатливо решение со Република Бугарија засновано врз европски вредности и стандарди. Посветени сме да работиме со добра волја на имплементација на Договорот за пријателство и добрососедство на сите области од заеднички интерес, вклучително и на Комисијата за историски прашања, но има некои прашања за кои не може да се преговара, додаде Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This