ЗАЕВ НА СРЕДБА СО МИШЕЛ: Силно сме мотивирани да продолжи европскиот курс на државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со Шарл Мишел, претседател на Европскиот Совет.

На средбата се разговараше за процесот на реформи, потребата од носење на Законот за јавно обвинителство, евроинтегративниот процес, како и за новата методологија за проширување на Унијата.

Претседателот Заев истакна дека сите институции се силно мотивирани да продолжи европскиот курс на државата со цел заокружување на интеграцијата во ЕУ, што е цел на сите граѓани на Република С. Македонија.

– Уверени сме дека заедно можеме да го задржиме вистинскиот курс на реформи, добрососедство и економски развој. Се надеваме дека сите политички фактори ќе бидат на висина на својот дел од одговорноста, особено кога станува збор за европската иднина на државата, потенцираше претседателот Заев.
Од страна на претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел беше изложен јасен план за натамошно делување во насока на деблокирање на процесот на проширување и обединување на сите држави членки на ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This