Заев не гледа ништо спopно во личната карта да се впише етничка припадност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Можноста етничката припадност да се впише во личните карти беше дадена уште со законот што бил прифатен со уставните измени. Тоа би можело да биде проблематично за патувањето во регионот што е дозволено и со лични карти, но тоа не е доволна причина во нив да не биде ставена етничката припадност, порача денеска премиерот Зоран Заев.

– Прво, државјанството е обврска согласно сите меѓународни стандарди. Ние со законот што го прифативме уште при уставните промени, а и сега стоиме позади него, даваме опција да се впише и етничка припадност. Опцијата да се впишеме како сме етнички припадници, значи покрај тоа што сме Македонци/граѓани на Република Северна Македонија, да можеме да се пишеме етнички како Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми или слично. Личната карта пред се е документ за лична идентификација. Убавината е што се користи како патен документ овде во регионот на Западен Балкан со сите земји ние патуваме со лична карта – Србија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина со лична карта и со патни документи. Тоа е проблематично, но дефинитивно не е доволна причина за да не ја ставиме определбата етничка на граѓаните заради тоа што навистина државата ни е мултиетничка, граѓаните се припадници на повеќе етнички заедници и ќе го имаат правото во својата лична карта да го имаат и својот етникум, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање во Тетово.

Етничката припадност во личните карти е предлог на Движењето Беса и е дел од предизборниот договор меѓу партијата на Билал Касами и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Предлогот е во собраниска процедура, а партиите на Албанците најавија дека ќе го поддржат. Предлагачите на законот за изменување и дополнување на законот за лична карта по скратена постапка се група пратеници од Беса.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This