Заев не задaдe само удap кон идeнтитетот на Македонецот, зададе удap кон доcтоинството и чecта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зборот скандалозно е преблаг збор за она што го направи премиерот Заев со интервјуто. Покрена сериозни чувства кај припадниците на македонскиот народ, не само тука во Република Македонија туку и кај Македонците генерално во сите држави. Ова не е само удар кон идентитетот на Македонецот ова е удар кон достоинството, ова е удар кон честа и ова е класично фалсификување на историјата на Македонецот. Но и се врши распродажба на македонските национални интереси и сметам дека и лично јас како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа не само ВМРО-ДПМНЕ туку целокупната македонска јавност треба бурно, сериозно, сконцентрирано да ги следи случувањата кои што ќе одат овие денови. И адекватно на тоа да се реагира“, нагласи Бране Петрушевски пратеник до редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ при своеото гостување во емисија „24 Анализа“.

Петрушевски појасни дека ВМРО-ДПМНЕ апсолутно по ова прашање ќе биде заедно со народот. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се, буквално се што е во можност на партијата да се спречи предавството на Маекедонецот кое што го работи Заев.

„Скандалозни формулации не само од аспект на тоа што ги изедначуваме НОБ и Антифашистичкат војна односно со тоа интервју, Заев се обидува да ги изедначи партизаните, борците за независна и суверена Република Македонија, борците против антифашизмот и она што Македонија го има добиено како придобивка од таа антифашистичка борба. Тука се Заев се стреми да се изедначи со окупација која што во тој период била спроведена во Република Македонија од страна на Бугарија“, рече Петрушевски.

Петрушевски посочи дека не може да се негира и фалсификува историја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This