ЗАЕВ НЕ ОДЛУЧУВА: Ахмети ќе се сретне со министрите од кои нe e зaдoвoлeн Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коалициските партнери во Владата почна со разгледување на забелешките на премиерот Зоран Заев во врска со функционерите кои можат да бидат дел од промените во власта. Неофицијално се дознава дека лидерот на ДУИ ќе се сретне со функционерите на партијата кои се на списокот на Заев за нивно paзрешување. Не се знае дали на средбата ќе има конкретни предлози, но извори во ДУИ велат дека очекуваат договорот да се финализира на лидерска средба, пренеусва Алсат.

„Очекуваме во текот на неделата лидерот на ДУИ, г. Ахмети да одржи средба со премиерот Зоран Заев каде детално ќе ги анализираат сите ресори и ќе донесат правилни одлуки, со единствена цел да го зголемат капацитетот во ресорите каде се предвидуваат измени“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Моментално, Владата нема министри за земјоделство, за култура, како и министер за политички систем. Хазби Лика треба да го разреши Собранието бидејќи не доставил оставка до владата. За судбината на министерот за култура, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, сè уште не разговарал со премиерот. Министерствата каде се очекува да има промени се транспорт и врски, екологија, правда и образование.

Премиерот Заев им соопшти на коалициските партнери за функционерите кои, според него, не си ја вршеле добро задачата предвидена со владината програма. До половината на јуни се очекува за промените да се гласа во Собранието. Кога Заев ги paзреши потпретседателите, секретарите и Извршниот одбор на СДСМ, најави дека најмалку една третина од владата ќе биде сменета, без да ја исклучи можноста за промена и за замениците-министри, директорите, одборите и државните секретари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This