ЗАЕВ НЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ:Во март или април веројатно ќе има само претседателски избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев верува во полн четиригодишен мандат и не смета дека треба да има предвремени парламентарни избори, но оти за тоа се важни и опозицијата, албанските политички партии и пред сѐ, Парламентот.

– Го знаете мојот став, освен ако е насушно потребно, неопходно и било кои големи фактори тоа го предизвикаат, тогаш би отишле на избори. Јас верувам во полн мандат, рече Заев одговорајќи на новинарски прашања при посетата на Стоби.

Тој додаде дека изборите ќе беа неопходност ако двотретинското мнозинство во Парламентот не беше возможно.

– Сега гледаме дека е возможно и ќе го продолжиме тој пат. Знам дека почетокот на април или крајот на март се паѓаат претседателските избори. Веројатно до крајот на годината ќе утврдиме дека треба да бидат само претседателски избори, но пак ќе повторам, јас сум само еден од оние кои се важни за вакви одлуки, тука е важна опозицијата, албанските политички партии,тука пред сѐ и над сѐ, е важен Парламентот, рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This