ЗАЕВ НЕ СЕ ПРАШУВА, ОД АХМЕТИ ЗАВИСИ: Дураку вели од Ахмети зависи дали ќе го сменат од министерското место

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за животна средина Садула Дураку не знае дали ќе биде cмeнeт од министерското место, како дел од „метлата“ на Заев, пренесува „А1ОН“.

На прашање на „А1он“ дали ќе биде назначен на друга функција, Дураку вели дека зависи од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и од партиските органи.

-Прашајте го Ахмети за оваа работа, јас не знам ништо. Не знам, централното раководство на ДУИ одлучува. Јас сум задоволен што и припаѓам на ДУИ. Имаме една земја и за оваа земја треба да работиме сите и во Демократската унија за интеграција сите треба да придонесат, рече Дураку по завршувањето на партиската прослава од 17-годишнината на ДУИ.

Дураку не одговорил дали доброволно би се повлекол од министерството за животна средина, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети не застанал да одговори на новинарските прашања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This