Заев: Никoгaш нe cyм нaпpaвил никaквa штeтa нa дpжавните и на националните интереси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Договорите се обврска на двете страни кои ги потпишуваат. Наше гајле е ние да го спроведуваме она што е наша обврска. Поуспешни сме од било кои други договори што се постигнати во модерна Европа. Еве да земеме, на некои историските комисии им требало и по 20 години да дојдат до решение. А,ние во првите две години успеавме да се договориме за пет историски личности и три историски периоди и ги славиме заедно, истакнува премиерот Зоран Заев во интервју за „Фокус“.

„Историјата билатерално да се решава и за неа да разговараат експерти и историчари, иако историјата е динамична наука и секој има право на различни погледи, аргументации и докази за својата автентичност. Очекуваме одговорност и од другата стана, затоа што имаат обврска во Договорот за континуирано поддржување и помагање на РСМ. Јасно кажав дека Бугарија еклатантно го крши членот 2 од Договорот. Тие секогаш искажуваат незадоволство од реализација на Договорот, но не треба да се заборави дека нашата земја помина низ референдум, промена на Уставот, а дојде и пандемијата“ – вели Заев.

Тој посочува со Бугарија потпишавме дека имаме заедничка историја, но, додава, целиот Балкан има таква историја.

„Можам да кажам само свое мислење. Но, знам дека сум претседател на Владата со огромна одговорност и чест и знам каде се и кои се нашите црвени линии, и дека не можам ниту јас, ниту некоја друга влада, или пак, Унијата да менуваат работи кои не се дозволиви за нив да се разговара, а камоли, да се менуваат. Зборувам за нашиот идентитет и јазик. Изнајдовме креативни решенија за проблемот со името и гледате дека имаме не само пријател во јужниот сосед Грција, туку и стратешки партнер и еден од најголемите поддржувачи и инвеститори“ – вели Заев.

На прашањето дали некои негови изјави дале можност на Бугарија да верува дека може да се направи ревизија на историјата, Заев одговора:

„Кажувате неточни констатации. Потпишавме дека имаме заедничка историја меѓу двата народа и тука да бидеме на чисто. Целиот Балкан има заедничка историја. Ние имаме наша сопствена историја, но и заедничка. Нели, османлиското ропство е заедничка историја и за нас и за Бугарија? Зарем Римското царство не го покривало целиот овој регион? Затоа денеска славиме заеднички ликови како Цар Самоил, Св.Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски. Точно и јасно знаев што кажувам и никогаш не биле моите непромислени изјави, туку биле отворени и чесни изјави“.

Заев тврди и дека не предизвикува, туку решава проблеми, со целосна заштита на националните и државните интереси.

„Политичарите ги решаваат проблемите и обезбедуваат услови да се решаваат проблемите. Имавме политичари кои проблемите ги ставаа под тепих. Најлесно е да го заобиколите проблемот и ништо да не коментирате. Тука ќе им оставите на историчарите, на друго место на експертите по образование или култура, а државата ни се празни и бегаат младите. Досега не сум направил никаква штета на државните и националните интереси, туку напротив, не само што ги имам сочувано, туку и доафирмирано и потврдено, како што е тоа македонскиот јазик и идентитетот, кои се впишани во личната карта на Република Македонија во Обединетите нации и никој повеќе не ги спори, затоа што тоа е најголемата светска организација. Сум се потврдил како решавач на проблеми, а не како предизвикувач, како што голем број од нашите политички опоненти го правеа во минатото. Целосно ја носам одговорноста за моите постапки и политики, како што ги носам и ловориките во делот на успесите. Денес државата е почитувана повеќе од било кога. Тоа е најголемата потврда какви сме и какви политики носиме. Но, за мене најголема потврда се последните парламентарни избори“ – наведува Заев во интервјуото за „Фокус“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This