ЗАЕВ ОДИ “ОЛ ИН“: 5 јули последен предлог на СДСМ за избори, макар и без учество на опозицијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алсат неофицијално дознава дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев вчера телефонски разговарал со политичките лидери и партнерите во владата.

Според телевизијата, 5 јули ќе биде последниот предлог на владејачката партија како датум за избори. Со ова СДСМ и коалициските партнери имаат за цел да овозможат 35 дена за подготовка на изборниот процес и да го исполнат барањето на ВМРО-ДПМНЕ кои се против избори во јуни.

Во врска со правните дилеми за тоа како ќе биде поставен новиот датум, се дознава дека претседателот на собранието ќе ја смени одлуката за избори на 12 април со договорениот датум, преку промена и дополнување на административниот документ.

Вонредната состојба која истекува на 30-ти мај нема да продолжи. Владата ќе се врати во технички формат, но, важно е датумот на изборите да се одреди пред 30-ти мај, со цел да започнат роковите за избори од 31-ви мај.

Ова ќе биде последен предлог до опозицијата. Ако ВМРО-ДПМНЕ не прифати 5 јули да биде датумот за изборите, тогаш политичките партии ќе заземат унифициран став за избори без македонската опозиција.

Дека овие избори би можело да се одржат во јули, шпекулираше и косовскиот премиер Албин Курти. Неговата изјава дека Македонија одржува избори во јули дојде неколку дена по телефонскиот разговор што Курти го имаше со техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This