- Advertisement -
Премиерот Зоран Заев на денешната средба со граѓани во скопската општина Шуто Оризари, повика на масовна излезност на 5 мај и успешни претседателски избори.
Пред неколку часа дојдов од Берлин, тука прво ќе ја соопштам веста. Ќе отвориме преговори со ЕУ, тоа значат пари, фондови, систем, перспективи. НАТО и ЕУ не се мачкаат на леб, но носат леб. Затоа сите земји се стремат да бидат членки на НАТО и ЕУ, а еве ние веќе стануваме членка на НАТО. Не ни треба нов блокатор, порача Заев.