Заев: Околу 40.000 студенти ќе добијат финансиска поддршка за субвенциониран оброк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И во услови на пандемија покажуваме грижа за студентите и креираме мерки и политики кои се во интерес на младите и нивната иднина. Вложувањето во подобри услови за студентите го сметаме за капитално вложување во иднината на државата, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил, посочувајќи дека околу 40.000 студенти од октомври ќе добиваат финансиска поддршка за субвенциониран оброк.
Премиерот истакнува дека финансиската поддршка за субвенционираниот студентски оброк на месечно ниво изнесува 2.400 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на МОН.
-Средствата ќе се уплаќаат директно на трансакциска сметка на студентите кои ги исполнуваат законските услови, а освен во угостителски објекти, ќе можат да ги користат и во маркети. Мерката можат да ја користат користат редовните студенти од државните и приватните универзитети, стои во неговата објава

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This