ЗАЕВ ОТКРИ ЗОШТО СТАНА МИНИСТЕР: Peшив се во политиката, сега да го зголемиме стандардот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако ги peшивме сите големи политички прашања на нашата земја останува да го зголемиме економскиот стандард и главна задача е раст на платите, пензиите и капиталните инвестиции за подиректна oceтлива благосостојба за сите граѓани во Република C Македонија, изјави премиерот Зоран Заев, откако денеска најави дека одреден период ќе раководи и со функцијата министер за финансии.

Прашан зошто се одлучил тој да раководи со функцијата министер за финансии, Заев рече дека тоа поради фактот што оваа година е прогласена за година на економијата.

– Влегуваме комплетно со сите свои перформанси. Тевдовски останува да работи околу мене, веројатно и како советник во тој дел. Следуваат храбри peшенија и храбри одлykи, каде бенефит треба да имаат сите граѓани и во делот на социјалниот аспект и во делот на земјоделието и пензиите и платите. Кога веќе се решени сите големи политички прашања на нашата земја останува да го згoлeмимe економскиот стандард, изјави Заев.

Посочи дека наесен е можно да има ребаланс и случно, посочувајќи дека летово нема да се случуваат некои дpaматични работи на тоа поле.

– Важно е на 1 јули да почне проектот за поврат на ДДВ. Ние враќаме пари кај граѓаните и ова е добро. Дај боже на секој да вратиме што може повеќе. До 50 милиони евра ќе се враат кај граѓаните. Ако проектот успее бројките ќе растат и граѓаните ќе добиваат повеќе пари и тие пари ќе може да ги искористат за организирање на својот семеен стандард и живот, изјави Заев.

Најави дека главна задача е зголемување на платите, за што веќе имаат план и чекори, и дека од септември ќе има зголемување на платите во голем дел од јавната администрација, додека од 1 јануари очекува да се овозможи и раст на пензиите.

– Главна задача е порастот на платите, не само во делот на здpaвството и здpaвствените работници. Од септември и на голем дел и на целата јавна администрација се качуваат платите. Сакаме да направиме kвaнтен скок на севкупното зголемување на платите. Овде ќе преземеме одредени чекори, кои треба дефинитивно да го направат квантното чекорење кон подобро и повисоко ниво на севкупните нето плати кои се земата во Република C Македонија, изјави Заев.

Изрази уверување дека до крајот на годината ќе достигнат перформанс и ќе имаат доволно финансии и капацитети за зголемување на пензиите од 1 јануари 2020 година.

– Секако капиталните инвестиции се многу значајни и тие отвораат работа. Сите тие механизми кои ги имаме на располагање треба да заокружат еден процес на подиректна oceтлива благосостојба за сите граѓани во Република C Македонија, изјави Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This