ЗАЕВ ПАК ЗАБОРАВИ НА ВЕТУВАЊАТА: Едно во опозиција друго на власт – Заев контра барањето на Мицкоски за ЈО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно во опозиција друго на власт. Она што го ветуваше СДСМ пред да влезе во седиштето на Илинденска број 2, па дури и го повторуваше во првите неколку месеци од мандатот сега не важи.

„Две години по преземањето на власта ќе создадеме правен основ јавниот oбвинитeл да се бира на предлог на опозицијата“ стои во предизборната програма на СДСМ.

Ова премиерот го повтори еден месец откако седна на фотелјата.

Две години изминуваат за нешто повеќе од два месеци, но сега премиерот не е расположен да го испочитува ветеното и договореното. На власта сега не и се допаѓала опозицијата.

Изборот на нов јавен oбвинитeл и судбината на СЈО беа една од темите на која синоќа дискутираа лидерите на двете најголеми партии – конкретен договор не падна. Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, уште еднаш го повтори барањето на неговата партија.

ВМРО – ДПМНЕ веднаш по референдумот кој се одржа лани во септември, побара смена на државниот јавен oбвинитeл со нов, предложен од страна на опозицијата. Тој ќе требаше да ги испита сите нepeгуларности на референдумот, гласањето на секои пет секунди, а требаше да го чешла и целокупното владеење на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This